March 26, 2023

Општина Новаци издвојува 5 милиони денари за невладиниот сектор

Општина Новаци објави повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани, фондации , спортски клубови, месни заедници , црковни одбори , културно -уметнички друштва, верски заедници од буџетот на Општината за 2023 година. Заинтересираните своите проекти и документација треба да ја испратат до Општината заклучно со 1.03.2023 година.


Помошта ќе се реализира со доделување на грантово ( во вид на парични средства, градежни материјали или прехранбени производи , за проекти во приоритетните области и цели утврдени со програмите за работа на Општина Новаци , а кои се однесуваат на локалнио економски развој, образование, социјала, култура, верски обичаи и традиции, техника, наука, култура, здравсто, спорт, екологија и животна средина. Износот на средства кои се предвидени во буџетот на Општина Новаци за 2023 година изнесува 5.000,000 денари .
За средствата предвидени во буџетот и изборот на проекти за оваа намена ќе одлучува Комисијата за финасии , буџет и ЛЕР при Советот на Општина Новаци за што изготвува ранг листа и истата ја предлага до градоначалникот на Општина Новаци.

извадок од јавниот повик


Средствата се користат еднаш во календарската година со тоа што 80% од планираниот износ во Буџетот на Општина Новаци во тековната година за вакви трансфери се доделуваат на поднесени барања по јавен повик, а 20% ќе се распоредуваат во текот на годината со поднесување на барање. Изборот на проекти се врши од страна на Комисијата за финасии, буџет и ЛЕР. Општината ги објавува резултатите од јавниот повик, како и целосниот извештај за распределеите средства за календарската година на својата веб страна www.opstinanovaci.gov.mk .
Организациите кои ќе пројават интерес треба да исполнат неколку критериуми кои и ќе бидат оценувани: да се со седиште во Општина Новаци, да имаат соодветен организациски капацитет ( профил,капацитет, релевантно искуство) од областа во која конкурираат. Ќе се оценува описот на планираните активности, целите, очекуваните резултати и пристапот , заедо со очекуваните ефекти во локалната средина ( влијанието врз целните групи и корисици) одржливоста на предложените проекти или програми . Временската рамка за спроведување на проектит е до крајот на фискалната година, до 31.12.2023 година.
Градоначалникот на Општина Новаци и Комисијата ќе го следат наменското трошење на доделените средства, преку посети на терен и ќе се бара поврат на доделените средства доколку се утврди ненаменско трошење.