April 20, 2024

Спасувачки екипи трагаат по преживеани во областа погодена од земјотресот во Турција, државата бара помош од Европа

Разорниот земјотрес во југоисточна Турција и северна Сирија предизвика многу урнати куќи и остави инфраструктура со сериозни оштетувања. На Турција и се потребни спасувачки и трагачки екипи, медицинска помош и работници и ќебиња, храна и тимови за психолошка поддршка. Потребнa e и механизација, машинска енергија и хидраулика за спасување на лица фатени во урнатините.
Вкупно 2.786 тимови за пребарување и спасување се наоѓаат на местата на катастрофата, а бројот се зголемува секој момент, рече турскиот потпретседател Фуат Октај, по силниот земјотрес на југот на земјата за CNN на Турски јазик.
Министерството за внатрешни работи Сулејман Сојлу, исто така, истакнал дека земјата објавила тревога од ниво 4, што вклучува повик за меѓународна помош.


„По дискусија со Министерството за надворешни работи, беше повикана меѓународна помош за пребарување и спасување преку координативниот центар за о0дговор при итни случаи на ЕУ (ERCC). Веќе пристигнале екипи за потрага по преживеани од од Холандија, Азербејџан и Велика Британија“.
Покрај спасувачките екипи, во регионот беа испратени и ќебиња, храна и тимови за психолошка поддршка од неколку провинции во земјата.
Европската унија испраќа спасувачки тимови и подготвува дополнителна помош за Турција. Неколку влади во ЕУ ветијле помош, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Белгија, Полска, Шпанија и Финска, исто така, објавиле дека се подготвени да распоредат тимови и да помогнат.
И руски спасувачки екипи се упатиле со два транспортни авиони ИЛ-76 во Турција за да им помогнат на жртвите од земјотресот таму и во соседна Сирија. Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, во телеграми им изрази сочувство на лидерите на Сирија и на Турција.


1024