March 28, 2024

Благојче Илиевски, прва жртва на неажурноста или манипулацијата на владата

„Четириесет и петгодишниот Благојче Илиевски од Битола кој со нетрпение ја чекаше набавката на лекот „Трикафта“, ја загуби битката со неизлечивата болест “- објавува денеска ТВ Телма.


https://telma.com.mk/2023/02/08/brojki-vetuvanja-probieni-rokovi-pochina-pacientot-ilievski-dodeka-bolnite-od-cistichna-fibroza-s%D1%90-ushte-molat-za-lek/


Болните од цистична фиброза последните два месеци го актуелизираат проблемот со недостатокот на лекот кој се покажал како вистинска помош во справувањето со болеста Цистична фиброза.Протестираат за правото на квалитетно лекување што во моментов наводно заради различни административни процедури и наводна потреба од законски измени државата не им го обезбедува. Со протест кон крајот на јануари го направија првиот притисок врз надлежното Министерство за здравство, од каде објаснуваа дека лекот Трикафта кој им е потребен за лекување е могу скап (300.000 евра по лице годишно) и дека треба најпрвин одлука од владата, а потоа и соодветна набавка , заедно и дискусијата дали треба да се донесе со јавна набавка / меѓународен тендер или пак поевтино би било со договор во четири очи. А за протоколот и лекот Асоцијацијата најпрвин разговарале со претседателот на државата Стево Пендаровски, пред две години.

Членовите на Асоцијацијата се простуваат од својот член и ја повикуваат владата на акција


Македонските и светските медиуми со седиште во Македонија информираа дека борбата на 30-тина регистрирани пациенти продолжува, затоа што надежта последна останува. Колкав е степенот надеж сега? Има најава дека министерот кој започна да го решава проблемот треба заради проширувањето на владата да го напушти министерското столче.


1022