Изминаа 72 часа од земјотресот во Турција, надежите за извлeкување на преживеани се најмали

Бројот на загинати од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија во моментов е најмалку 15.865, соопштија официјални лица, пренесува Си-Ен-Ен. Според експертите се помали се надежите дека по изминати 72 часа ќе успеат да пронајдат преживеани, па се прогнозира и најавува дека бројот загинати ќе станува поголем како се расчистуваат урнатините.
Во Турција бројот на жртви се искачи на најмалку 12.873, според турската агенција за катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според волонтерската организација Бели шлемови која обезбедува помош за цивилите во областите контролирани од сириската опозиција.
Бројот на повредени во Турција се зголеми на 62.914, соопшти агенцијата за вонредни ситуации, наведувајќи дека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, а потрагата е отежната поради ниските температури, пренесе Ројтерс.
Насловна фотографија : addemakedonia
