June 6, 2023

Црвен Крст е моќна меѓународна организација чија дејност е помагање во кризи-разговор со
Д-р Лилјана Ристевска, претседател на Општинска Организација на Црвен Крст во Битола

Пеланет: Пред три дена на територија на Турција и Сирија се случи земјотрес што остави многу загинати и за две минути илјадници луѓе останаа бездомници, без покрив над главата без основните потреби за живот. Како Црвен Крста на Македонија одговара на ова?

Д-р Лилјана Ристевска: -Црвениот крст на РСМ веднаш по катастрофалниот земјотрес беше исконтактиран од Црвената Полумесечина на Република Турција и од Црвената полумесечина на Република Сирија. Како што Црвениот Крст во РСМ е првата организација за одговор при катастрофи во координација со државните органи, Црвената полумесечина ја има истата улога во овие две земји. Таа е најупатена во потребите за соодветна реакција на терен. Нивното барање до нашиот Црвен Крст како и до сите нивни партнери во светот беше доставување на финансиски средства затоа што тоа е најбрз начин да обезбедат се што им е потребно во овој момент. Заради тоа ЦК наРСМ ги активира своите донаторски телефони 143 – 400 на сите мобилни оператори, како и донаторските сметки девизна и денарска на фондот за солидарност – посебна жиро сметка која се активира само за вакви намени, и го рашири апелот преку сите Општински организации и волонтери. Голема благодарност до сите грагани и стопанственици кои веднаш се одзваа на овој апел. Собраните средства секој момент се зголемуваат и до денес се собрани околу 10 000 000 ден. Сите собрани средства сее трансферираат на сметката на Турската и Сириската полумесечина.

Пеланет: Зошто е тоа така? Има ли различни периоди/ фази односно имаат ли различни потреби луѓето што се во вакви кризи?
Д-р Лилјана Ристевска: -Веднаш по несреќата во текот на првите неколку дена додека има и најмала надеж да има некој преживеан под урнатините најголема е потребата од човечки ресурси, односно обучени луѓе за пронаоѓање и спасување на жртвите и повредените под урнатините, медицински кадар за укажување на медицинск помош и финансиски средства за набавка на потребни ресусрси од извори најблиску до настраданото подрачје заради брз и ефикасен одговор.Секоја друга материјална помош која се однесува на донирана храна, облека, хигиена, лекови, медицински матријал бара време од страна на секоја земја па и на нашата да ја собере да обезбеди царинска документација и друга соодветна документација за транспорт на роба според законските одредби, соодветен транспорт и како и финански средства средства да се плати транспортот.

Пеланет: Тоа значи дека во некоја следна фаза ќе им биде ли на загрозените потребна друга помош, затоа што и сега се зборува за ќебиња, за зимска облека и државата, владата, некака одлука донесе за испраќање на кебиња?
Д-р Лилјана Ристевска: -Голготата на ова настрадано подрачје и населението не завршува со извлекување на жртвите и пребојување на мртвите. Тие луѓе се всушност бездомни луѓе, останале без своите домови и уште многу долго време ќе им треба да бидат згрижени, да бидат опслужени со храна, со хигиена и со се што е неопходно за еден нормален живот. ЦК на РСМ во текот на следната недела ќе испрати хуманитарна помош од 1000 пакети со храна, 1500 пакети со средства за хигиена и 400 ќебиња во договор со Црвената полумесечина за задоволување на првичните потреби.

Од едукативни активности на Црвен Крст Битола

Пеланет: Каква е сега во овој момент соработката со граѓаните кои гледајќи ги сите трагични сцени на телевизија и по социјалните мрежи, реагираат човечки, емотивно и сакаат некако да помогнат?
Д-р Лилјана Ристевска : Црвениот Крст ја црпи свјата сила од граѓаните, соработката со нив и стопанствениците, а реализатаор на сите активности се армија на волонтери, граѓани кои сакаат да направат нешто повеке за заедницата. Сите активности на ЦК па и оние кои се превземаат за помош на настраданите во овој земјотрес се достапни на ФБ и инстрагам страната на општиските организации и на централната канцеларија на ЦК на РСМ. Сите акции на терен на ЦК се објавени на нашите страници, а при изведување на хуманитарни акции истите се соодветно пријавени во надлежни институции и одбележани со соодветен знак на ЦК.

Пеланет: Дали ова треба да се разбере во насока дека најсигурно помошта во овој момент од нашата држава до загрозеното подрачје ќе стигне преку Вашиот канал?
Д-р Лилјана Ристевска :- Апсолутно. Тоа е така затоа што, ние сме организација којашто (за жал) работи со кризи, за време на кризи и со кризи. Црвениот Крст има и искуство меѓутоа е и една моќна организација, меѓународна бројна организација. Федерацијата на Црвениот крст првично за загрозеното подрачје донесе одлука да се испратат 200 милиони фунти ( 200.000,000 Фунти), тоа се средства од сите организации на Црвен Крст и Црвена Полумесечина во светот, затоа што нема место на земјината планета кадешто нема ваква организација. И ние сме секогаш оние првите кои се вклучуваат во кризите.

Последната официјална информација од македонскиот Црвен Крст, објавена додека го водевме разговорот со Д-р Лилјана Ристевска говори дека, заклучно со 07.02.2023 година ( во првите 24 часа од објавување на повикот, н.з) преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари. Исто така Црвениот крст на РСМ од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.


1018