March 26, 2023

Висината на животниот стандард е личен проблем, а не политички

Секој што верува во нео-Југословенските глупости, дека членство во ЕУ носело повисок животен стандард, нека си ги постави овие прашања (поготово важи за младите):

– Што направивте на личен план во последнава година, за да бидете поуспешни на пазарот, да создадете/продадете повеќе?

– Отворивте ли своја фирма, размислувате ли за кредит со цел проширување на сопствениот или почнување нов бизнис…

Спремни ли сте да ставите куќа под хипотека за вносен бизнис, со ризик да не успеете?

– Колку обуки посетивте за подобрување на Вашите способности, побаравгте ли подобра работа?

– Колку од Вас се спремни да ја напуштат работата за плата и да работат за процент?

Ако одговорите на овие прашања се негативни, не ви помага ниту ЕУ, ниту било какви нови „Братства и Единства“ и поготово не онакво нечовечко и нехумано цмиздрење во стилот:„Џабе ни е се, ако не сме во ЕУ.“

Економијата почива врз лични амбиции за профит, знаење, иновации, идеи, егоизам и личен ризик…. а не врз основа на идеали, политики, партиски прикаски и сл.

Само претприемачите и работниците со специализирано знаење кое се бара на пазарот, можат да планираат подобра иднина и повисок животен стандард. Тие доколку не создадат профит, тогаш нема за никого ништо. Тогаш нема НИТУ данок за административците, ниту придонеси за пензионерите, ниту пари за „Јавни Набавки“ … НЕМА ЗА НИКОГО НИШТО!

Се разбира, постои начин и политиката позитивно да влијае врз економијата. Наместо нови „Братства и Единства“ барајте од нашите политичари да се преполови бројот на министерствата, а потоа да се преполоват и даноците кои ги плаќаат сите.

Престантете да барате БЕСПЛАТНИ УСЛУГИ, така ви ги зголемуваат даноците и ви го рушат животнот стандард… не ве помагаат воопшто.

Околу 5000 мали погони кои во Македонија произведуваат мебел, кондиторски производи, текстил, пластични прозиводи, тестенини, пијалоци, автоделови, хемиски производи, бела техника, градежни материјали, електро-мотори, хтз опрема, земјоделска техника, конзервирање на храна… сите тие ќе почнат да растат (некои побрзо, некои поспоро) отворајки нови работни места. ТОА Е ЕКОНОМИЈА, а не она мизерно понижување на етничките Македонци со ветувања како за мали деца.

Паметни луѓе има во Македонија, само парите треба да се насочат кон нив, а не кон политичарите и криминалците.

Европскиот пазар ни е отворен од 2000 година, загарантиран, и имун на било какво ВЕТО или слична друга Балканска будалаштина. Капитализам и треба на Македонија, а не нови „Братства и Единства“.

Пишува Трифуновски Виктор