Денеска втор ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари.
Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.
Очекуваат од Владата да добијат официјална покана за преговори за надминување на настаната состојба, отфрлајќи дека повиците и апелите преку медиумите не се соодветен пристап. Истовремено преку медиумите апелираа до другите индустриски гранки во државава да и се прклучат кон протестот против укинувањето на субвенцијите за потрошената електрична енергија.
Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) врши интензивни контроли – дали на терен се почитува владината одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Други пак, мали пекарски капацитети чиј пазар е локален ги намалија цените на лебот почитувајќи ја одлуката.
Инаку, пекарско-мелничарската индустрија се соочува со проблеми од 2020 година од кога бараат различен вид на субвенции од Владата. Според нивни проценки, КОВИД 19 пандемијата ги преполовила капацитетите во Македонија, а нерегулираниот увоз на леб од Србија со кој се соочуваа по пандемијата уште повеќе ги намали нивните можности за рентабилно работење.


1023