December 6, 2023

Јапонците си пронајдоа нови 7.000 острови

CNN денеска ја објавува веста која две недели ја бранува мислата на научниците и политичарите во Јапонија.
Дигитално мапирање од страна на Геопросторната информативна управа на Јапонија (GSI) неодамна открива дека Јапонија има 14.125 острови на своја територија, што е повеќе од двојно повеќе од бројката од 6.852 којашто е во официјална употреба од извештајот на јапонската крајбрежна стража од 1987 година.
Таа студија и мерење биле реализирани „рачно и пешки“ од Службата за крајбрежна стража. Дискусијата на политичарите започнала уше во 2021 година. Со главниот аргумент точната бројка острови и островчиња се национален интерес. И, фактот дека крајбрежната служба во 1987 година не влегла во различни езерца и реки кои исто така имаат острови и островчиња. Не биле вклучени ниту речните песочни брегови што Јапонците ги дефинираат како острови.

Извор: https://www.npr.org/ /Eugene Hoshiko/AP/

автор: ROSHAN FERNANDEZ


1127