Општина Карбинци ќе гради 4 нови детски игралишта

Во тек е изработка на тендерска документација за неколку детски игралишта во општина Карбинци со модерна тартан подлога.
Радање, Таринци, Карбинци и Крупиште ќе добијат реконструирани детски паркови со тартан подлога.
Во Долни Балван ќе следи реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор со тартан подлога.
