1 км асфалтиран автопат = 12 милиони евра

Македонската влада потпиша договор за изградба на 108,8 километри автопат низ државата во вредност од 1.3 милијарди евра кои треба етапно да се планираат во Буџетот до 2027 година. Трасите се дел од коридорите 8 и 10.
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде “воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар – Букојчани (30.3 км) и Прилеп – Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри.“
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар. Договорениот изведувач има обврска сам или преку домашни проектантски фирми и компании истовремено да проектира и да гради, а претходно на владата да и наложи кој простор треба да биде експроприран. И сето тоа до 2027 година.
Фактот дека за патитштата во најава нема градежен проект, го привлече вниманието на ВМРО-ДПМНЕ кои истражувајќи за тендерот укажуваат на можни незаконски дејствија и компромитиран процес.
Во соопштение партијата посочува: Целата постапка за избор на надзорот индицира на кроење на условите за Конзорциумот воден од ИРД, а од кој дел се ЕПТИСА, која со одлука на влада е утврдено дека работела незаконски Груби не кажа, зошто е продолжуван рокот за поднесување на пријави во моментот кога Електра Солушн добива лиценца, ниту пак зошто е избришан условот фирмите да имаат позитивни биланси во последните 3 години, и оставен услов само да достават биланси, па макар истите биле и згаубари, како што е случајот со ЕПТИСА. Груби не успеа да ја увери јавноста дека огласот не е продолжен и не се намалени критериумите за учество за ИРД – ЕПТИСА-Електра Солушн- Евро Консалтинг да го добијат тендерот. Груби не кажа ниту збор зошто надзорот и правниот советник за трансакции се ставени во еден ист оглас? Зошто е дозволено надзорот, да го преговара и состави договорот со изведувачот, кој самиот треба подоцна да го контролира?
Груби не ја увери јавноста дека не прави криминал од 22 милиони евра со надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10д, ниту пак ја увери јавноста дека не го компромитира целиот процес, вклучувајќи компромитација и на странските фирми изведувачи со реноме.
