Американската амбасада фокусирана на правосудството

Амбасадорката Агелер вчера го посети истражниот центар во Основното обвинителство Скопје за да дознае од обвинителите и истражителите за нивната работа за гонење на криминалот во државата.
Агелер се информирала и за начинот на работа на новата компјутерска опрема донирана за истражниот центар од Секцијата за меѓународни наркотици и за спроведување на законите при Амбасадата на САД , којашто , според информацијата објавена на официјалната Фејсбук страна на Амбасадата, им помага на обвинителите во борбата против корупцијата и неказнивоста. “
Медиумите и денеска ја пренесуваат изјавата на Н.Е Агелер дека зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за неа лично како амбасадорка и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.
„Секој кој е виновен за корупција – без оглед на партиската припадност, деловните врски или кој било друг фактор – треба да одговара. “- стои во официјалното соопштение за овој настан.
Фото насловна: U.S. Embassy North Macedonia
