June 6, 2023

Аболицијата на Иванов од 2016 важела за „Пуч“ и „Поткуп“ но не и за предметите од СЈО насловени со „ Т “

Plusinfo.mk денеска објавува анализа на судски решенија во кои аболиција од претседателот на државата дадена во 2016 година била уважена.  Порталот цитира судско решение во кое со дадената аболиција се ослободуваат од гонење без спроведување на постапка неколку лица. Меѓу нив се и поранешниот претседател Зоран Заев, Звонко Костовски, Ѓорѓи лазаревски, Зоран Верушевски и неговата сопруга и други. Дел од нив поврзани со предметите „Пуч“ и „Поткуп“.

Правото на аболиција на затвореници е неспорно право на претседателот на државата (според македонскиот Устав), но во 2016 година се направија законски измени под политички и диригирани притисоци од јавноста дефинирана како „Шарена револуција“.  Оттука, одредбите во законот изменети во 2011 година најпрвин можеа да се применат, па потоа не, а повлекувањето на аболицијата според меѓународните норми не е можно.

Plusinfo.mk потсетува дека претседателот Ѓорѓе Иванов тогаш помилува 56 лица.

Но, и покрај аболицијата и еднаш прекинати правни дејствија против лица за кои имало јавнообвинителски предлог и обвинителен акт , дел од нив завршија како предмети во судница.


1006