March 28, 2024

Шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал на средба со Коњановски и Илиевска

Шефот на мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал, ја посети општина Битола, каде имаше работна средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата се разговараше на повеќе теми поврзани со работата на локалната самоуправа и тековните проекти.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа е посебно посветена кон подобрување на патната инфраструктура и на тој начин создавање подобри услови за граѓаните, но и привлекување на нови инвеститори за економско јакнење на Битола. Меѓу приоритети, Коњановски посебно ги истакна и заложбите на општината за поддршка на културата и спортот, како еден од начините за активно вклучување на младите во процесите кои се однесуваат на создавање услови за подобра иднина за нив.

Амбасадорот Вал, истакна дека општина Битола и градоначалникот Коњановски, во идниот период може да сметаат на поддршката од мисијата на ОБСЕ.

Вал вчера попладне оствари средба и со претседателката на Советот Габриела Илиевска. Потврдени беа стандардите за коишто Општината и ОБСЕ се залагаат, а се разговарало и за тековната работа, состојбата во Битола и идеи за идна соработка.

Извор: Општина Битола


1059