March 26, 2023

УСПЕШНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Комисија за информатичко општество, телекомуникации и АВУ на ВМРО – ДПМНЕ на 11.03.2023 год. со почеток во 14 часот организираше ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА во Салата Коцка во Автокоманда.

Настанот беше поделен на 3 дела и опфатени беа темите Дигитална трансформација, Телекомуникациска инфраструктура и како последна тема Медиуми, Социјални медиуми и Дигитален маркетинг.

Настанот го водеше професорот Орце Симев, а како учесници се претставија Роберт Орданоски, Моника Ивановска, Борис Арсов и други докажани експерти во своите области. Панелистите во своите презентации имаа спроведливи предлог решенија за актуелните теми, а во продолжение на самиот панел имаше одлични прашања и предлог решенија од присутните.