Маркетите од денеска мора да ги намалат цените на тестенините и млечните производи

Од денеска во маркетите тестенините и млекото и млечните производи треба да се продаваат со пониска цена за 10% – 15% . Тестенините, според одлуката на владата треба да имаат намалени цени за 4 до 7 денари. Трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кравјиот кашкавал – со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, киселото млеко, павлаката и јогуртот без додатоци.
Цените на сите овие производи треба да бидат пониски од тие кои биле забележани на почетокот на месецот. Па така, млекото кое досега чинеше од 75 до 80 денари, од денеска се продава од 68 до 72 денари. Сирењето од 430 денари, сега чини 387 денари, а јогуртот од 80 денари, денеска се продава за 72 денари.
Овие цени на пазарот треба да се задржат до крајот на месец мај.
Стопанствениците не се согласуваат со ваквите одлуки затоа што економската криза ги зголеми нивните трошоци по единица производ, но од владата бараат тие да бидат солидарни.
Спротивставувањето на стопанствениците се случува и со најновата најава на владата за зголемување на минималната плата на 20.175 денари.
