April 18, 2024

„Иван Михајлов“ на среде Битола е провокација за националните чувства на македонскиот народ

„Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество“, се наведува во соопштението на ова ад хок тело формирано од владата на РМ по пројавувањето на многубројни бугарски клубови во Македонија, особено по тензиите кои настанаа во Охрид кадешто ваквиот клуб го доби името на бугарскиот фашистички крал.

Денеска завршува крајниот рок во кој на овие и други клубови им беше препорачано да направат пререгистрација. Според процедурата ова, дефинирано како негативно мислење, треба да биде проследено до министерството за правда и се чека на одлука од Министерот за правда кој треба да донесе одлука дали овој клуб ќе биде затворен се до промена на името на клубот.
Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ поднесе барање , битолскиот „Иван МИхајлов“ ,не.
Според измените на Законот за здруженија и фондации, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. „Како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.- стои меѓу другото во законот кој беше донесен неодамна, а е со ретроактивно дејство.


1048