March 29, 2024

Христијан Мицковски: „Владата од ден на ден потврдува дека само глупоста е бесконечна“

„Беспредметно е да се коментира владата затоа што таа од ден на ден потврдува дека само глупоста е бесконечна“ .- е одговорот на Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање за планот на владата да увезува работна сила и за законот за локација на коцкарници. „Оваа влада себеси си се брендираше како проевропска влада… а амбасадор на земја членка на ЕУ излезе со критика на овие законски егзибиции и глупости што ги прави владата“, потсети Мицковски денеска од Битола.
На новинарско прашање за актуелните „замрзнувања“ на цените на основните прехранбени производи и импликациите врз економијата рече: „: Јас кажав дека станува збор за една неспособна, ненародна и некредибилна влада на ДУИ поддршана од СДСМ. Не очекувам ништо повеќе од влошување на состојбата и една од причините зошто ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме предвремени избори е токму тоа: овие безидејници да заминат и да дојдат луѓе коишто знаат како да се справуваат со предизвиците. Изнудени ад хок решенија не се решенија. Само ќе потсетам дека Македонија како држава има двојно повисока инфлација од тоа што е инфлацијата во еврозоната. А се сеќавате до скоро не убедуваа дека инфлацијата е увезена. Како е тоа увезена, кога е двапати поголема од таа кај нашиот најголем трговски партнер, а тоа е ЕУ? Затоа ве молaм дa ме разберете, кога зборувам за промена на оваа влада не зборувам за власт, не зборувам за ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт и да има комотна позиција. Зборувам да ја спасиме Македонија од оваа криминална, неспособна и безидејна влада на ДУИ за жал поддржана од тоа што остана од СДСМ.“


1114