March 26, 2023

Мицковски: „Државата се води без стабилна макроекономска политика, со ад-хок и изнудени решенија“

Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде зголемување на економската активност, подобрување на стандардот на граѓаните, и бескомпомисна борба со криминалот и корупцијата во државата и, она што можеби е најважно за нас, враќање на националното достоинство.


Ова денеска од Битола го порача Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ преку новинарите / медиумите кои ја проследија неговата денешна посета на Битола. Во Битола дојде на редовната средба со стопанствениците здружени во Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, а на разговорите со нив доминираа темите за соработката на стопанствениците и локалната самоуправа во насока кон генералното подобрување на условите за живеење во општината.

Ова е континуитет на средбите кои ги ветивме уште на изборите . Ова е можност да се сретнеме и да ги размениме нашите искуства да ги слушнеме проблемите на бизнис заедницата , ние сме нивни партнер, ние сме сервис на граѓаните и Општина Битола така и делува еве во изминатава година и половина.“ – рече во своето воведно обраќање Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Стопанствениците ја пофалија транспарентноста и отвореноста на Општина Битола за соработка и брзата реакција за некои од нивните потреби. Побараа забрзување со реконструкцијата на ул. Бурса (во старата индустриска зона), изградбата на сообраќајните решенија за влезовите во градот и забрзување на процесот за донесување на Генералниот урбанистички план (ГУП), забрзување на донесување детални урбанистички планови кои водат до реализација на веќе договорени партнерски а странски инвестиции. Во дискусијата со Мицковски стопанствениците од регионот сепак најмногу ги интересираа решенијата на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на актуелните економски, енергетски, па и банкарски состојби.


Претседателот на комората Мирко Велковски се осврна на проблемот со ограничувањето на цените на основните прехранбени производи лебот, млекото и тестенините, и плановите на владата да ги „замрзне“ и цените на јајцата и шеќерот. „Овој начин на работа е негативен за стопанството , дали владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го продолжи овој начин“, праша Велковски. На ова селдуваа прашања поврзани со зголемувањето на банкарските камати кои се диктираат од Народна банка на Македонија.


„Ова е така затоа што државата се води без стабилна макроекономска политика„ – одговори проф. Христијан Мицковски, претседателна ВМРО-ДПМНЕ, продолжувајќи „со нерегулирана економија, со забрана на маржи, со донесување на брзи законски решенија и генерална нестабилност во секторот“. Ги увери присутните дека ВМРО-ДПМНЕ работи на програма која ќе гарантира стабилна макроекономска политика. Во оваа насока, кон непланско работење беше и образложението на Мицковски за актуелниот проблем со производството на струја од страна на стопанските капацитети кои набавиле и монтирале фотоволтаици. Сега стопанствениците кои произведуваат струја до 7 гигабајти од фотоволтаици не можат да ја продадат таа струја, па се принудени да ја складираат во батерии кои пак мора да се набават од само две лиценцирани фирми. „Не може да се откупува целата произведена струја во секое време “ рече Мицковски и, повторно ги потсети дека се околу енергетскиот сектор досега е резултат на непланско работење , неспособност, но и замка во која сега се наоѓаат повеќе од 40 компании од регионот.


Мицковски на присутните им кажа и дека на ВМРО-ДПМНЕ во регионот на кој делува регионалната стопанска комора со седиште во Битола приоритет им се коридор 8 и коридор 10д, а за тоа партијата размислува за проширување на ингеренциите на локалната самоуправа и, сите подготовки и реализација на изградбата на патиштата да стане одговорност на општините. Пак ја најави странската инвестиција во ИЗ Жабени на која партијата работи, за квалитетни и добро платени работни места.