April 19, 2024

Временска прогноза – ќе се стопи снежната покривка

Утринава Пелагонија се разбуди под мала снежна покривка, која на планините е повисока.

За денеска хидрометереолозите од Управа за хидрометереолошки работи на Македонија ( УХМР ) прогнозираат „Умерено облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.“ Не е исклучена можноста и денеска во попладневните часови слабите врнежи од дожд да преминат во слаби врнежи од снег. Минималната температура на воздухот од -4 до -1 степени Целзиусови, максималната дневна меѓу 10 и 14 степени Целзиусови.

Температурните промени ќе се задржат и во текот на викендот.


1062