Состојба на патишта – коловозите влажни, снег на планинските превои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинските превои Буково и Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 15.03.2023 до 18.03.2023, регионалниот пат Велес-Градско односно делницата од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.
Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (ЈПОЗМРП) – 02 / 25 61 502 .
Извор: диспечерски центар на ЈПОЗМРП
