March 26, 2023

Денеска во Битола со изложба на 12 уметници, припадници на т.н Љубљанска графичка школа ќе се одбележат 31 година од воспоставувањето на македонско-словенечките дипломатски односи.
„Иако во минатото опкружена со доминантните:виенска, минхенска па и римската ликовна школа силно присутни во европскиот ликовен „дизајн“ и скоро безгрижно разубавување на стварноста, словенечката уметност по својата ангажираност и длабокото понирање по смисолот за вистинското опстојување, се издвојува како самостоен, директен, посебен сликарски дигнитет. “ – најавуваат од амбасадата на Словенија во Македонија , организатор на овој настан.

фото: ФБ страна на Мојца Злокарник


„Денешната современа словенечка графика има длабока поврзаност со сите етапи на нејзиното изразување од минатото. Таа е специфична, оригинална и единствена целина, која најдлабоко и автентично го изразува словенечкиот креативен универзум“ , стои во најавата на коорганизаторот на настанот, битолски КИЦ. „На изложбата ќе бидат изложени дела на еминентни словенечки графичари, автори од сите генерации кои со својата работа, стил и автентичен израз дале неповторлив придонес кон развојот на светската графичка уметност, за што ќе им биде доделена посебна Плакета за придонес. “
Ќе бидат изложени делата на Чртомир Фрелих, Иво Мршник, Андреј Јемец, Јанко Орач, Самуел Грајфонер, Мојца Злокарник, Франко Векиет, Весна Дрновшек, Нина Кожељ, Аља Кошар, Тина Мохорович и Зора Станчич. Дел од овие авгтори на битолската публика и се познати како учесници на Битолско графичко триенале.

Свеченото отворање на оваа изложба е закажано за вечерва, 17.03.2023, во 19.00часот.