78 години хуманитарна работа – македонскиот Црвен Крст

Црвениот крст одбележува 78 години од основањето и 28 години од полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Како што информираат од Црвениот крст, во текот на годината планираат да одржат бројни настани со кои ќе ја одбележат годишнината.
Централниот настан ќе се одржи денеска во Скопје.
Битолскиот огранок на организацијата, којаштоо ја живее својата 16та година постоење, одбележувањето на овој ден го предвиде за утре, 18.03, со настан што ќе се одржува на плоштадот Магнолија.
Црвениот крст во Македонија е организација формирана на 17 март 1945 година , а призната како национално друштво на Црвен крст од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 01.11.1995 а на 27 ноември 1995 година станува полноправна членка на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење. Важни услови за признавање македонската организација на Црвениот крст е прифаќањто на неколку меѓународни документи: Женевските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителни протоколи од 1977 кои Владата на Република Македонија на 25 август 1993 година ги ратификува; Собранието на Република Македонија на 26 јули 1994 година го донесе Законот за Црвениот крст на Република Македонија.

Црвениот крст на денес Република Северна Македонија е единствена организација на територијата на државата, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје. Црвениот крст на РСМ не претставува здружение на граѓани, но е доброволна, масовна, самостојна, непартиска и независна хуманитарна организација на граѓаните на Република Северна Македонија.
Мисија: Црвен крст на Република Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.
