Македонски Устав – Преамбули

Најпрвин на независна Република Македонија од 1991 година.


„Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а
посебно од државно-правните традиции на Крушевската Република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година,
како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел:

  • Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;
  • да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта;
  • да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и
    националната рамноправност;
  • да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со
    националностите кои живеат во Република Македонија и
  • да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и
    напредок на личниот и заедничкиот живот,
    Собранието на Република Македонија, донесува“ – Устав

Устав на РМакедонија од 2001 -Преамбула
По конфликтот …

„Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите
предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија

  • во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој“…Устав
Фото: Слика од екран(принтскрин) од одлуката за измени од 2001 година

Устав на РМакедонија од 2019 – Преамбула
По Преспанскиот договор (пречистен текст од нас)


Граѓаните на Република Северна Македнија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, бошњаќкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите претци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничото добро -Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Кружевската република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, на кои се изрази вољата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор , ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековоте права и гражански слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори, го донесуваат овој – Устав.


1030