Македонската дијаспора потпишува Декларација во интерес на јурисдикцијата на МПЦ-ОА

Сите сомнежи, дилеми, непознаници за името на Црквата, сопствеништвото на црковните објекти што ги изградиле и јурисдикцијата на МПЦ-ОА изразена преку богослижби од македонски свештенослижиели кои доминираат меѓу Македонците што живеат и работат надвор од матичната држава се ставени во декларацијата која ја потпишуваат. Ова е нивна своевидна Изјава на воља која ја манифестираат поради стравувањата дека сите цркви и манастири кои ги предале и припаѓаат на МПЦ-ОА нема да бидат под јурисдикција на МПЦ -ОА. И дека МПЦ-ОА сепак нема да го задржи името.
Аргументите ги согледуваат во објавата на Светиот свештен Синод на Вселенската Патријаршија објавена во весникот на МПЦ-ОА од 9 мај 2022 година.

Фото: сопственост на МПЦ-ОА

Проблемот извира од членот 3, кој вели како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (подразбирајќи ја областа на нејзината јурисдикција, само во границите на државата Северна Македонија), како што и нејзиниот Претстојател писмено и вети на Вселенската Патријаршија, вклучувајќи го терминот „Македонска“ и каква било друга изведенка од зборот „Македонија“.

Фото: сопственост на МПЦ-ОА

Читањето и толкувањето на членот 3 од одлуката е кон признавање на името на МПЦ-ОА само во границите на државата Северна Македонија, што за Македонците во дијаспората претставува спорен момент, заради децениските препукувања и борби со православните верници на различните континенти кои оспорувајќи го македонскиот народ, го оспоруваат и постоењето на тие цркви . Организаторите на потпишувањето на оваа Декларација велат дека, иако во чл. 3 се работи за името на Црквата, подразбира дека јурисдикцијата, областа на дејствување , делокругот во кој владее определена световна или црковна институција , во ситуацијата МПЦ-ОА, се сведува само во државата.

Декларацијата е писмен личен доказ на сите кои ја потпишуваат за својата определеност кон МПЦ-ОА па велат дека „Во своето живеење како православен ќе ја сведочам Православната Вера , македонската нација , јазик и култура и се друго што ја прави македонската посебност во вистинска смисла на зборот , што нас не одликува со сите посебности и доблести како народ , Црква и нација особено денес кога ни е загрозен црковниот и националниот идентитет од парацрковни и паранационални групи и заедници.“(чл.2)
„Знаејќи дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија е Апостолска црква со преемество од Светиот Апостол Павле, Знаејќи дека МПЦ-ОА е една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната автоќефална Охридска архиепископија и патријаршија и Јустинијана Прима , Знаејќи дека МПЦ е помесна автоќефална црква која претставува дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква, а Загрижени за името , статусот и достоинството на МПЦ-ОА

Фото: Слика од екран ( принтскрин)


НИЕ Македонците по род и државјанство, Ние верниците во МПЦ-ОА прокламираме Декларација за Македонскаат Православна Црква-Охридска Архиепископија
-Го отфрламе секој обид на Светиот архиерејски синод и на Црковно-народниот собор за промена на Уставот на ММПЦ-ОА со цел промена на нејзиното име, статус и достоинство, како велепредавство на МПЦ-ОА, Македонскиот народ и државата Македонија!
-Отфрламе било каква промена на титулата на поглаварот на МПЦ-ОА во односите со секој и со сите, во светот и татковината освен Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, кој се ословува со Ваше Блаженство
-МПЦ-ОА е еден и единствен сопственик на сите цркви и манастири во државата Македонија. Сите цркви и манастири во државата Македонија се под јурисдикција на МПЦ-ОА.
-Отфрламе име за внатрешна и име за надворешна употреба на МПЦ-ОА
Македонските православни епархии надвор од границите на државата Македонија може да бидат само под јурисдикција на МПЦ-ОА
-Нема да дозволиме македонска црква и манастир во државата Македонија да стане ставропигијален на друга црква
-Отфрламе евхаристиска заедница и канонско единство на МПЦ-ОА со Православната црква на Украина под јурисдикција на Цариградската патријаршија
-И покрај сите разлики и исотиски хипотези, сметаме дека македонското црковно прашање е затворено со патријаршкио и соборски Томос за автокефалност на МПЦ-ОА од СПЦ-ПЕчка патријаршија од 5 јуни 2022
-Го повикуваме Светиот архиерејски синод на единство во одбрана на името, статусот и достоинството на МПЦ-ОА
Предупредуваме дека никој нема право да го менува името, статусот и достоинството на МПЦ-ОА бидејќи тоа е антихристијански и антиисториски“

Овој текст, Декларација / изјава ја потпишуваат Македонците во Европските земји. Слична, но со иста порака е и Декларацијата којашто деновиве ја објави и Епархијата за Австралија и Нов Зеланд. Промена има во Точка 7 –„ Епархиите на МПЦ-ОА и оние што пради поуспешна мисија ќе бидат создавани надвор од татковината се и можат да бидат единствено под јурисдикција на МПЦ-ОА.“

Фото: Црква Св. Кирил и Методиј во Дортмунд, Германија, сопственост ФБ

За документот од СПЦ уште стои дека се признава како „Официјален документ со кој се потврдуваат устројството и границите согласно канонскиот поредок на МПЦ-ОА и кои треба безусловно да ги прифатат сите православни и автоќефални Помесни Цркви и во точка 9 стои „ Го повикувам и поддржувам и охрабрувам Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА на единство во одбрана на името и статусот на МПЦ-ОА согласно Уставот на МПЦ-ОА сите одлуки на Архиепископско-црковно народните собори од нејзиното возобновување па до денес.
Точка 10„ Предупредувам дека никој нема право да отстапува и работи против погоре декларираното и изајвувам декеа ќе преземам категорична акивности против сите оние кои ќе се осмелат да работат протино интересите, достоинството, името, статусот и уставното устројство на МПЦ-ОА.“

Фото: слика од екран на објавената декларација , сопственост ЕАНЗ


Во Македонија има мала јавна дискусија за овој проблем, но генерално , напишаното се толкува како невозможност односно како непостоечки проблем затоа што ниту една црква освен Руската нема јурисдикција на имотите надвор од матичната држава.

Македонците во дијаспората пак се чувствуваат како да сведочат на нова промена на стекнатите права исто како во случајот со промената на името на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Засега е отворено прашањето чии ќе бидат црквите кои со свои средства, донации и некогаш вложен физички труд црковните одбори на Македонците во дијаспората и ги препишаа како имот на МПЦ во замена за присуство на свештеници и попови ракоположени од МПЦ и богослужење на Македонски јазик.

Фото насловна: Храм Св. Четириесет маченици, Битола


1028