Партиите и нивните политики клучни во македонското справување со аутизмот
Имајќи го на ум насловот, свесни за проблемот, женските ограноци на најголемите политички партии во Битола, одржаа трибини за потребата за подигнување на свесноста за проблемот на семејства и лица со аутистичен карактер на пречки во развојот и животот.

Според познавачите на состојбите во градот, вистинската слика за животот на семејствата со членови кои страдаат од ова пореметување ја понудија дискусиите / заклучоците од трибината на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ:
-Јавната свест за аутизмот во Македонија се уште е на ниско ниво
-Децата со аутизам недоволно и ненавремено добиваат стручни третмани
-Недостасува раната детекција, дијагностика и ран третман на децата со аутизам
-Родителите се уште се изложени на големи финансиски трошоци заради потребата од стручен третман и посебен режим на исхрана кај децата со аутизам
-Подготвеноста и условите за успешното спроведување на целосната инклузија се на многу ниско ниво
-Потребно е формирање на повеќе тимови за спроведување на МКФ проценка за секој регион
-Лицата со аутизам во нашата држава имаат голем проблем со пазарот на труд

Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ во Битола одржа интерактивна трибина под мотото ,,ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ” . Според тоа што беше кажано и дефинирано како заклучоци се согледува изворот на сите проблеми со кои се соочува градот како заедница , но и државата во целост кога се планираат и реализираат политики за згрижување на лица со аутизам и нивните семејства.

„Исто така на трибината беа дадени и многубројни предлози за успешно справување и решавање на проблемите и предизвиците за децата и лицата со аутизам за кои ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе се заложи да ги имплементира и реализира.“- пишуваат во својата објава за јавноста. Во поддршка на активностите за подигнување на свесноста за аутизам испечатија флаери кои ќе бидат дистрибуирани во текот на нивните теренски активности.

И СДСМ од Битола одржаа ваква трибина. Со мотото АУТИЗАМ Е САМО ПОГЛЕД КОН СВЕТОТ ОД ПОИНАКОВ АГОЛ на која исто така говореа реномирани педагози, психолози и дефектолози од Битола со долгогодишни искуство во областа на згрижување лица со посебни потреби.
„Со оваа активност им даваме безрезервна поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства.
ТИЕ НЕ СЕ САМИ, НИЕ СМЕ СО НИВ!“- напишаа на официјалната ФБ страна од Форум на жени. И тие ќе споделуваат флаери на јавноста.


Фото насловна : Peter Burdon, free images