April 25, 2024

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СЛОВЕНИЈА МКД „ОХРИДСКИ БИСЕРИ“ ОРГАНИЗИРА РАБОТИЛНИЦА ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО НОВА ГОРИЦА

Македонското културно друштво „Охридски бисери“ од Нова Горица, Словенија од среда (12 април 2023) започнува со организирање на работилници за изучување на македонски јазик. Работилниците кои се насловени „Читаме, слушаме и зборуваме на македонски јазик“ ќе се одржуваат во просториите на Сојузот на културните друштва „Точка“ во Нова Горица секоја втора среда во месецот со почеток во 18:00 часот.

-Почитувани родители, баби, дедовци, чичковци и тетки ве очекуваме заедно со вашите дечиња и внучиња да ни се придружите на нашата работилница „Читаме, слушаме и зборуваме на македонски јазик“, се вели во објавата на ФБ на МКД „Охридски бисери“.


1031