April 19, 2024

Тони Коњановски: Проектите се спроведуваат врз основа на документација која е реално изводлива на терен

Брзото навремено делување на Општината е можно само кога ќе завршат законските постапки. И проектите не се спроведуваат само врз основа на желба за одреден изглед, туку врз основа на документација која е реално изводлива на терен. Вака денеска ги потсети советниците градоначалникот д-р Тони Коњановски, зборувајќи пред советниците на 26 седница на Советот на општината.
Тој најпрвин најави дека денеска започнува воведувањето во реализацијата на првата фаза за адаптација на објект за ветеринарна заштита-прифатилиште за кучиња. „Изведувачот е должен сите работи предвидени во член 2 од овој Договор да ги заврши во рок од 40 работни дена од воведувањето во работа. Очекувам, рокот да биде запазен и до крајот на јуни оваа фаза да биде завршена и конечно да се создадат услови за решавање на проблемот со бездомните животни.“- рече Коњановски.

Најави реализација на инфраструктурни проекти на 7 локации, 15 улици пред отпочнување, а во тек се постапки за 28 улици.

Општината продолжува со интензивна работа, рече Коњановски.
Во своето обраќање пред советниците даде објаснување за сите точки на дневниот ред.

Интегрален текст од денешнот обраќање:


1029