April 25, 2024

Битолскиот Совет ја продолжи 26 седница, работи со „еднократен“ претседател/претседавач

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ЛЕВИЦА и ДУИ ја продолжија 26 седница на Советот на Општина Битола според одредбите од Чл. 56 од Деловникот за работа на Советот на Општината со, во наше слободно изразување, “еднократен“ претседавач, само за потребите на седницата.
Имено, според Деловникот, чл. 56

-На седницата на Советот претседава претседателот на Советот.
-Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, седницата на Советот ја отвора најстариот присутен член на Советот, кој со истата претседава, додека не се избере член на Советот кој ќе претседава на седницата.
-Одлуката за избор на претседател на таа седница е донесена ако за неа гласале повеќе од половината присутни членови на Советот.“

Во салата имаше 16 советници. А највозрасна меѓу нив беше советничката Марица Тодоровска.
По напуштањето на седницата од страна на советниците на СДСМ и очигледната намера на советниците од ПОИНАКУ да не гласаат за извештаите за работа и финансиските извештаи на јавните комунални претпријатија за 2022 година, претседателката на Советот Габирела Илиевска ја прекина седницата, со најава за координација закажана во 14.30часот.

Според правничкото толкување од вработените во Општината, прекинатата седница завршила без одлука дали седницата ќе продолжи или не. Затоа што избраниот претседавач Габриела Илиевска не ги собра за советниците за одлука, може да се примени овој член. Советниците требаше најпрвин да ги пребројат присутните, а потоа да изберат привремен претседавач и на крај да ја донесат одлуката дали седницата ќе продолжи или не. Одлуката им беше работата да продолжи.
Седницата се одвива мирно, без дискусија по точките, особено затоа што во деновите што претходеа комисиски детаљно беа разгледувани сите предлози, проекти и програми што беа ставени на дневниот ред.


1025