Габриела Илиевска: Седницата ја прекинав за да ја утврдам причината за напуштањето и за дополнителни консултации преку координација со сите
„Уште на самиот почеток на мандатот ветивме дека во Советот на Општина Битола ќе работиме само и исклучиво за интересот на битолчани, Поинаку останува на ставот – интересот на граѓаните пред се, а моментално ни Вмро Дпмне, ни Сдсм не работат во таа насока.
Поради ненавремено реализирање на проектите кои се во интерес на граѓаните, Поинаку не даде поддршка на точките кои се разгледуваа на комисиите кои се одржаа изминатите неколку денови.
Свесни дека нема да ја добијат нашата поддршка за ни една од точките на денешната седница на Советот на Општина Битола, ВМРО Дпмне и Сдсм уште еднаш ја докажаа меѓусебната соработка за личен интерес, а на штета на граѓаните.
Денес 26тата седница ја прекинав согласно член 65 од деловникот за работа, бидејќи 11 наши колеги ја напуштија седницата на Советот истовремено.
Како претседател на Совет сакав да ја утврдам причината за напуштањето и да направам дополнителни консултации преку одржување на координација со претставници од сите советнички групи, а се со цел нормално функционирање на Советот и носење на легитимни одлуки за граѓаните на Битола.
Но очигледно договорите помеѓу ВМРО Дпмне и Сдсм се посилни и побитни од битолчани!“ – пишува Илиевска на својот Фејсбук профил.
Член 65 од Деловникот за работа на Советот на Општината гласи:
„Претседателот на Советот ја прекинува Седницата на Советот:
-заради немање на мнозинство потребно за работа;
-заради нарушување на редот во салата каде се одржува седницата;
-кога за тоа ќе одлучи Советот по предлог на претседателот, по предлог на Координаторите на советничките групи, по предлог на 5 члена на Советот или друг предлагач на актот или материјалот, во случај на потреба од дополнителни консултации и во други случаи, кога за тоа ќе се укаже потреба.
Времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот“.