Уредник е отпуштен поради интервју со Михаел Шумахер направено со помош на Вештачка Интелегенција
Издавачите на германскиот магазин, кој објави „интервју“ со седумкратниот светски шампион „Формула 1“ Михаел Шумахер, направено со помош на вештачка интелигенција, го отпуштија уредникот кој го објави материјалот.
Како што забележува „Гардијан“, издавачката куќа му се извинила на семејството на Шумахер, кој во 2013 година се здобил со сериозни повреди на скијање.
Претходно, семејството на спортистот, кој оттогаш не се појавува во јавноста, соопшти дека има намера да поднесе тужба против магазинот Die Aktuelle.
„Овој напис е погрешен и воопшто не требаше да се појави“, рече Funke Media Group, која е сопственик на списанието. Тие прецизираа дека главната уредничка на изданието, Ен Хофман, која оваа функција ја извршуваше од 2009 година, е отпуштена.
Најновиот број на магазинот излезе со портрет на Шумахер на насловната страница и наслов кој го ветуваше интервју на возачот.Во написот е посочено дека цитатите се генерирани од вештачка интелигенција.
Шумахер доживеа сериозна повреда на главата при пад на скијање и оттогаш неговото семејство не известува за неговата здравствена состојба ниту открива како живее седумкратниот шампион.