April 22, 2024

ОЛИВЕР ВАСИЛЕВСКИ –ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ: УБАВИНИТЕ НА ЕГИПЕТ ПРИМАМЛИВИ ЗА ТУРИСТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

КОЈА БЕШЕ ПРИЧИНАТА ДА ВЛЕЗЕШ ВО АВАНТУРАТА НАРЕЧЕНА ТУРИЗАМ И КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ БАВИШ СО ОВАА ПРОФЕСИЈА?

Желбата за патување и откривање на нови места. Можеби судбина сепак ”живеам во куфер” (патувам) од 18 годИНА, уживам кога сум во автобус или авион тоа е мојата комфорна зона.

ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ТУРИЗМОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ СИ БИЛ И ЗА КОИ СИ ПРОДАВАЛ АРАНЖАНИ. КАДЕ СМЕ НИЕ ТУКА ВО СПОРЕДБА СО, НА ПРИМЕР ТУРЦИЈА, ЕГИПЕТ, ГРЦИЈА, АЛБАНИЈА И ДРУГИ

Далеку сме ние од тие земји на туристичката карта. Во туризмот е нај битно да имаш добра приказна па макар и измислена и да знаеш добро да ја продадеш. Ние како продавачи на аранжмани треба добро да ја раскажеме приказната. Кај нас имаме добра приказна ама не знеме да ја продадеме. Секоја чест на исклучоците.

И БИТОЛА Е ПОСЕТУВАНА ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ ОД ТУРИСТИ ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ, КАКО И ОД ТУРЦИЈА. ДАЛИ МОЖЕМЕ ГРАДОТ ДА ГО НАРЕЧЕМЕ ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР? ШТО БИ ТРЕБАЛО ДА НАПРАВИМЕ ЗА ДА ПРИВЛЕЧЕМЕ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ КОИ НЕМА САМО ДА ПРОШЕТААТ НИЗ ШИРОК СОКАК, ТУКУ И ЌЕ ПРЕСПИЈАТ ТУКА НЕКОЛКУ ДЕНОВИ?

Со ова прашање навлегуваме во болна тема за Биточани – Копанки и ски стазите.

ИМАШЕ МОЖНОСТ СЛУЖБЕНО ДА ПОСЕТИШ ДВЕ ПОЗНАТИ ТУРИСТИЧКИ АТРАКЦИИ – ИСТАНБУЛ И ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ЕГИПЕТ. КАКВИ СЕ ТВОИТЕ ВПЕЧАТОЦИ ОД ОВИЕ ДВЕ ДЕСТИНАЦИИ?

Ги проширив видиците на Југоисток.
Отсекогаш ме интересирала источната култура и ориенталниот начин на живеење.
И на двете места ќе се вратам повторно, далечината не ми пречи обожавам да патувам, на двете дестинации нешто се смета за старо ако е постаро од 1000 год.
Во Истанбул не можеш да бидеш странец на толку различни народи и топли луѓе. Капали чаршија, душата на Истанбул, Аја Софија првата сеизмичка градба во светот и сведок на сите случувања. Хургада во Египед е пример како пустинско место може да стане рај за туристи дури со нај истанчен вкус. Песочните плажи и бојата на морето остава бес здив.

ГОЛЕМ БРОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ВЕЌЕ БИЛЕ ВО ТУРЦИЈА И КОЛКУ ТОЛКУ СЕ ЗАПОЗНАЕНИ СО НЕЈЗИНИТЕ ТУРИСТИЧКИ МОЖНОСТИ. ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА ПОВЕЌЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА, ШТО МОЖЕ ДА СЕ ДОЖИВЕЕ ВО, ЗА НАС ДАЛЕЧНАТА АФРИКА? КАКВО Е МОРЕТО ВО ЕГИПЕТ, ДАЛИ Е ЗЕМЈАТА БЕЗБЕДНА ЗА СТРАНСКИТЕ ТУРИСТИ, ШТО СЕ МОЖАТ ДА ВИДАТ ТУРИСТИТЕ ТАМУ?

Да, нашите граѓани се доста запознаени со тоа што нуди Турција, а има и што да понуди. А за Африка тоа и беше причината за посетата на Египет, да му го доближиме на нашите клиенти што е можно подетално и пореално и со тоа да ни се зголеми продажбата за таа дестинација.Најчести прашања – дали се песочни плажите, плима и осека, дали е безбедно, каква е храната. Посетивме околу 40 хотели во Хургада и околните места.Така да понудата е за сечии вкус и буџет. За помладите со авантуристички дух и желба за забава би го издвоил ”Meraki” хотелот област Арабиа близу до центарот на Хургада. За семеен одмор ”Sunrise Mamluk”, ”Zya Regina” се одличен избор. Ако сакате незоборавен оргинален одмор во пештерскиот хотел ”Caves”. Или пак сакате да уживате во луксузот кој го нудат ”Belagio” и ”Rixos” кој ќе ги задоволи и нај пребирливите. Од сите морам да го издвојам на страна мојот фаворит ”Royal Palm” во областа Soma Bay во сопственост семејството Кирјази од Грција. Така да имаме огромна понуда од хотели.
Она што треба задолжително да го доживеете во Египет е пустинското сафари, тоа е незаборавно искуство за авантуристи каде имате можност да возите низ пустински терен и да се освежите со ладен чај од хибискус. И нормало посета на Каиро и пирамидите. Не си видел ништо ако во Египет не ги видиш пирамидите. Морам да го издвојам и нуркањето во длабочините на црвеното море таму има навистина што да се види, љубителите на длабочините и подводниот свет нема да ги остави рамнодушни. Црвеното Море е нај солено море после Мртвото море. Соленоста во Црвеното Море е генерално висока поради високите испарувања, ниските врнежи и недостигот на прилив на вода од реки. Безбедноста во Египет е нај високо ниво.

СО ОГЛЕД НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА, ДАЛИ ГОДИНАВА ИМА ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ЗА АРАНЖМАНИТЕ ВО СТРАНСТВО? КОИ СПОРЕД ТЕБЕ ЌЕ БИДАТ ХИТ ДЕСТИНАЦИИ ЗА БИТОЛЧАНИ ОВА ЛЕТО?

Има минимално покачување на цените за разлика од други земји па затоа се очекува Египет да биде хит дестинација Исто како Анталија, Тунис, Кипар. Грција останува на тронот топ дестинација.Кај нас во ”С-Травел” има голем интерес за Египет, веќе ги имаме првите резервации.


1301