Чуде(се)н дизјан

Модните трендови од историјата често предизвикуваат насмевка, но, тогаш не биле чудни, оти биле модерни. Ововековните се во стилот „се врви“, а ако се и рециклирани, па и со потпис на дизајнер…
Во пресрет на сезоната на матурите во Македонија, а да се одлучите што ( не ) треба да го привлече вашето внимание….

Украинскиот моден бренд Ксенија Шнајдер неодамна ги откри своите најнови модни изуми, асиметричните фармерки кои комбинираат тесна нога и широка нога. Може да ги купите преку интернет за 375 долари.
Ако сте апансас поканети на забава, а вие сте до гуша во чистење за (од ) гостите…

Важно е куќата да е исчистена и убаво да мириса. Свеќите со мирис на парфем често може да се првиот избор, па уште ако се дизајнирани, препознатливи, како онаа инспирирана од перчето на Трамп …

Корона пандемијата покажа дека модните трендови се создаваат во и за секое време. И на фотографијата подолу господинот носи брендирана маска.

Пак за фармерките … и половото/родовото или како беше веќе …дневно чувство

Пролетта е време и на интензивна спиритуална разбуденост, ментална свесност, телепатија итн…не го гледате ама тоа е таму ….. трето око .

И принтот на облеката е модерен.
Тежината има сосема ново значење …

Важно е да се има стил…

