Врабевски и Ковачев денес беа спречени да влезат во Македонија

Имено, лицето Милен Врабевски кое се претставува за филантроп , а истовремено ги навредува Македонците шитум светот негирајќи го нашиот идентитет и јазик, и лицето кое е Европски пратеник, Андреј Ковачев, денес на еден од граничните премини добиле писмено во кое државата Македонија ги прогласува за непожелни лица или т.н. persona non grata.

Од МВР ни изјавија:
„Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија, меѓу кои се и двете лица за кои прашувате. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата.“


1089

Задолжително

Verified by MonsterInsights