September 28, 2023

Во Белград се погребуваат младите жртви од масакрот во училиштето

За само три дена две масовни престрелки ја шокираа јавноста во Србија. Најпрвин во средата наутро 13-годишно момче застрела осум ученици и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Нова трагедија се случи ноќта меѓу четвртокот и петокот во околината на Младеновац, кога млад човек шетајќи низ неколку села со автоматска пушка уби осум лица, а рани 14. Денешниот ден е според многумина „најтажниот Ѓурговден“ во поновата историја на Србија. Младите жртви од масакрот во основното училиште се погребуваат.
Амбасадата на Република Србија во Скопје на адреса Питу Гули бр. 8, од вчера создаде можност за изразување поддршка на семејствата , отвори книга на жалост:

  • во петок на 5 мај од 9 до 19 часот,
  • во сабота, 6 мај од 9 до 19 часот,
  • во недела, 7 мај од 9 до 19 часот,
  • во понеделник, 8. Мај од 9 до 19 часот.

1025