May 29, 2023

Данокот на имот сеуште е во фокусот на внимание на двете најголеми партии во државата. Од локално опозициската СДСМ со повици до граѓаните да забележуваат од кога им почува рокот за жалба на Решенијата испратени од Општина, од локално владеачката ВМРО-ДПМНЕ со посочување на однесувањето на политичките опоненти кои ги донесоа измените за подигнување на даночната стапка.

Ѓорѓи Ѓоргиевски,советник од ВМРО-ДПМНЕ


Денеска советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава на ФБ најпрвин потсети дека Измените во Законот за даноците на имот беше донесен од оваа Влада во јуни 2021 година. „Владата и мнозинството на СДС и ДУИ во Парламентот го направија тоа без никаква грижа, дека тоа ќе донесе неколкукратно зголемување на трошоците на граѓаните.
Оваа неспособна, корумпирана и криминална Влада, не го заврши ниту процесот на дигитализација, па така општините не можат да имаат преглед во движењето и состојбата на имотот. “

Жаклина Наумовска , советник од СДСМ


Ваквата реакција е одговор на негативната критика на советникот Жаклина Наумовска од СДСМ. „Коњановски една и пол година откако е стапен во сила новиот закон не успеа да ја прилагоди евиденцијата за имотот на граѓаните. “ Продолжи со прашањата за висината на данокот за сопственици на деловни објекти во кои се работи повеќе од 20 години, и „ Што ќе се случи со граѓаните доколку во рок од 30 дена, од било кои причини, се спречени да побараат општината да ја ,,исправи својата грешка“ ако се има во предвид дека согласно правната поука во решенијата потпишани од Коњановски жалбата не го одложува плаќањето, а рок за тужба до Управен суд е 30 дена? “

Борче Корлесвски, советник од СДСМ


Во дополнување на последното од Наумовска денеска се огласи и советникот Борче Корлевски. „Согласно член 80 од Законот за општа управна постапка, решението треба да биде доставено лично што се потврдува со потпишана доставница од доставувачот и примачот. Доколку доставувачот не го затекне граѓанинот за лично да му го достави решението, треба да направи обид за достава во рок од 24 до 72 часа. Ако и тогаш не го затекне, составува белешка која ја остава на адресата на граѓанинот дека решението треба да го подигне од Општина. Коњановски и Општина Битола ја прекршуваат оваа процедура и ги доведуваат граѓаните во неповолна ситуација бидејќи не се знае кога се доставени решенијата, од кога почнуваат роковите за жалба и тужба пред Управен суд.“ – смета Корлевски.

Ѓорѓи Ѓорѓиевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ


„Општина Битола, во текот на целата измината година ги повикуваше граѓаните да ги ажурираат своите податоци.“ – коментираше денеска советникот Ѓорги Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ и вели „Општина Битола континуирано е во непосредна комуникација и им излегува во пресрет на граѓаните , постапува согласно законските процедури и во ниту еден момент нема да дозволи наплатата на данокот на имот да биде на штета на граѓаните.“ – советникот Ѓоргиевски.
Тој денеска на увид го посочи и листингот од гласањето на Измените на Законот за данок на имот во кој се гледа дека гласале сите пратеници од СДСМ, а не гласале или биле против пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. „Нема простор, каде што оваа власт не направи огромна штета, затоа и единственото решение се избори и заминување на оваа криминална, корумпирана, предавничка и расипничка власт. Навистина, сите граници се преминати!!! – изјави Советникот Ѓорги Ѓоргиевски.

Инаку , за примената на Законот, општините не беа консултирани, а на својата седница во ЗЕЛС од септември 2021 година, откако измените биле изгласани, клучни биле две прашања : која цена да се земе предвид при пресметувањето на данокот на промет на недвижност, и, практичната примена на измените по однос на повисоката стапка за данокот на имот за недвижен имот кој не се користи од страна на сопственикот, односно докажувањето и пријавувањето на користење на недвижен имот повеќе од 6 месеци во текот на една година.
„И по двете прашања присутните не можеа да дојдат до заеднички став и заклучок, пред се поради техничката природа на истите, различните случаи во пракса и теорија, но и поради фактот што Методологијата за проценка на пазарна вредност од 2010 година е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а вработените во Министерството за финансии не учествуваат во ниту една работна група по однос на интервенции во истата.“ – стои во извештајот односно записникот од оваа седница на ЗЕЛС.

Според методологијата, и за деловен простор , и за станбен простор , и за земјоделско земјиште и за гаражи и руинирани објекти се проценува видот на градба, материјалите, електрични инсталации, водоводни и канализациони инсталации, прометно или непрометно место, зона на локацијата, атрактивност на локацијата. Колку поскап материјал во градбата ( ПВЦ дограма, топлотна и звучна изолација…) толку повеќе бодови , за повисока цена на објектот, и повисок данок.


1061