Учениците од Гимназијата Јосип Броз Тито премиерно ја изведоа претставата “Далеку, а сосем тука“,

Вчера на летната сцена која се наоѓа на Тумбекафе, над Битола, или малиот амфитеатар учениците од Гимназијата премиерно ја изведоа претставата “Далеку, а сосем тука“, која е своевиден средношколски театарски спектакл, во кој учествува голем број на ученици од прва до четврта година. Претставата е подготвена и изведана под менторство на предметниот наставник по класични јазици Софија Бејковска, која во Гимназијата “Јосип Броз- Тито“ предава латински и старогрчки јазик. Претставата “Далеку, а сосем тука“ е авторски проект на средношколците , во која низ митолошкото и политичкото минато влегуваат во нашата неизвесна сегашност, која актерите-ученицит низ реплики уште еднаш ја потврдија и на некој начин ја докажаа. Режијата и сценариото се на матурантката Бисера Стефановска, а како асистен на режија и сценарио е Ангела Цветковска, а асистент на сценарио Ана-Марија Петровска. На малиот амфитеатар на Тумбекафе, над Битола и над Хераклеја учениците на нивни начин ги претставија митолошкото и политичкото минато ќе ве поведе во нашата неизвесна сегашност за да ви пренесе дека секоја пречка во животот е минлива и менлива.
На сцената испреплетени одекнуваат страдањата на жените од војни и насилство, неправдите нанесени врз праведниците низ историјата, болката и љубовта на мајката за своето чедо, доаѓањето на новата мисла, потребата за промена, смената на поредокот и за крај, сенката на несигурната иднина која демне врз сите, онака како и кажаува нивната менторка Бејковска. Улогите во оваа престава ги толкуваат Василиј Тасевски – Хад, Ангела Цветковска – Персефона, Михаил Јанески – Зевс, Анастасија Трајковска – Афродита, Теодора Јовчевска – Деметра, Дамјан Каранфиловски – Сократ, Бојана Тодорова – Гај Јулиј Цезар и ученик на Сократ, Илиана Николовска – Атена, Анастасија Бејковска – Клитајмнестра, Ивана Парговска – Касандра, Селма Мемиш – Пенелопа, Ана Марија Петровска – поетесата Сапфо и граѓанин, Петра Димитровска – Судија на Сократ и заробеник во Платоновата пештера.Уште играат: Катја Златевска – заробеник во Платоновата пештера, Теона Петровска – заробеник во Платоновата пештера, Викторија Марцевска – сенка од Подземјето, Емилија Трајковска – сенка од Подземјето и граѓанин, Михаела Нешкоска – сенка од Подземјето, Тамара Белевска – сенка од Подземјето, Марија Димоска – следбеничка на Деметра и граѓанин, Нина Дејаноска – следбеничка на Деметра и поетеса во Подземјето, Ангела Гарабиљевиќ – следбеничка на Деметра и граѓанин, Ана Богдановска – следбеничка на Деметра и ученик на Сократ, Томе Јолевски – граѓанин, Бора Килич – чувар на власта, Лука Тренчевски – чувар на власта и Лука Димовски – чувар на власта. Светло мајстор е Никола Ѓеоргиевски, кореографија Ана Марија Петровска, костимографија и сценографија Јана Богдановска, Јована Неделкова, Ема Костова, Јована Силјанова и Марија Тодоровска.Аудио монтажа и графички дизајн Лука Петровски, камера: Давид Козаров, фотографија: Мила Петковска. Водители на настанот беа Лука Лозановски и Јана Стојчевска.














