March 28, 2024

Соопштение од СДСМ Битола по повод разрешувањето на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не работат во интерес на граѓаните, туку на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ!

Членовите на управните и надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар се подеднакво одговорни за катастрофалното работење како и директорите назначени од градоначалникот Тони Коњановски!

Најголемиот виновник за состојбите во Битола е токму градоначалникот Тони Коњановски кој со месеци молчи и ништо не презема додека пред очите му се случува колапс на Битола. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Коњановски избра да слугува на ВМРО-ДПМНЕ, а не да работи во интерес на Битола!

Затоа, разрешувањето на Управните и Надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар е единствениот чекор кој може да го преземе Советот во моментов, пред да биде предоцна за спас на претпријатијата од кои зависи секојдневниот живот на битолчани, стои во соопштението на СДСМ Битола. 


1205