May 19, 2024

ОДРЖАН 14. „ЗЕЛНИК ФЕСТ“ ВО КАЧАРЕВО

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА

ОДРЖАН 14. „ЗЕЛНИК ФЕСТ“ ВО КАЧАРЕВО

Во организација на здружението „Вардар“ од Качарево, Србија во саботата се одржа 14. „Зелник фест. Годинешниот „Зелник фест“ немаше натпреварувачки карактер, но вредните домаќинки се потрудија максимално да ги покажат своите вештини.

На овој начин Здружението „Вардар“ ја зачувува традицијата на правење зелник, а целта на манифестацијата е младите да научат од постарите како се подготвува познатиот македонски специјалитет. Исто така, ова е одлична можност за учесниците да разменат искуства и да се дружат.

Настанот беше збогатен со звуците на познатите македонски песни.

„Зелник Фест“ се организира со поддршка на Националниот совет на Македонската национална заедница во Република Србија.


1089