Запалена келија во затворот во Битола, притвореници се носат во други казнено-поправни установи
Запалена е келија во притворското одделение во затворот во Битола, дознава „Макфакс“. Според првичните информации опожарена е една келија, но нема повредени.
Иако е непознато како настанал пожарот сомнежите се дека тоа го сториле притворениците кои биле сместени таму.
Притворското одделние во Битола е реновирано и има централен систем за вентилација. Чадот од келијата се пренел и во другите простории.
„Макфакс“ дознава дека притвореници се разместуваат низ други затвори во кои има притворски одделенија.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.