Состојба на патишта
Поради изведување градежни работи на пат – (асфалтирање), на патниот правец Р1107 Кавадарци – Пулевец, делница Мрежичко – м.в. Св.Петар, сообраќајот ќе биде во прекин од 09:00ч – 16:00ч во деновите 18.08.2023 (петок), 19.08.2023 (сабота) и 21.08.2023 (понеделник). – информира шпедитерската служба на Македонија пат.
Во државата сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон: 02 / 25 61 502.
Извор: јпозмрп