Започнаа градежни работи за нова детска градинка во Битола

Денеска во АРМ , започнаа работните активности за изведба на дренажен систем за детската градинка во АРМ, со што, конечно ќе се создадат услови за изградба на оваа градинка, проект кој уште со доаѓањето како нова локална самоуправа го затекнавме со бројни проблеми.

Вака соопштуваат денеска од кабинетот на градоначалникот кој директно го следеше почетокот на работата. Градоначалникот Коњановски пак вели :

„Еден од најголемите проблеми , беше состојбата на теренот, поради што издвоивме 4.193.290 денари за да може теренот соодветно да се прилагоди, да се изврши испумпување на водата, да се направи дренажен систем, за да може да продолжат градежните активности за изградба на објектот, за кој согласно склучениот договор со изведувачот, од општинскиот буџет издвојуваме 36.290.915 денари. “- ја информира денеска јавноста градоначалникот д-р Тони Коњановски и додаде „Ова е еден од проектите кои се насочени кон зголемување на капацитетите за згрижување на најмладите, покрај адаптацијата и реконструкцијата на просториите за детска градинка во поранешниот Дом за доенчиња, каде се работи на површина од 460 метри квадратни, а за што се инвестираат 10.273.344 денари, од кои општина Битола финансира 30 %. “

Во детската градинка „Мајски цвет“, во изминатиот период Општината веќе имаше повеќе инвестиции за уредување на просторот и занималните, а градоначалникот најавува и нови активности кои треба да отпочнат во оваа градинка, со цел да им се излезе во пресрет на што е можно повеќе родители и згрижување на нивните деца.

„Се надевам дека, ваквиот пример на работа ќе го следи и директорката на детската градинка „Естреја Овадија Мара“, затоа што неискористувањето на средствата кои ги имаат градинките, во изминатите 2 години, резултираше со враќање во државниот буџет на вкупно над 25.000.000 денари, а тоа за жал придонесува за намалување на блок дотациите од Министерството за труд и социјална политика и нивно пренасочување кон детски градинки во други општини. “

Извор: Општина Битола


1165

Задолжително