April 25, 2024

Битолската библиотека бесплатно ќе ги зачлени сите првачиња

НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола и оваа година започнува со кампањата „ВАУЧЕР ЗА ПРВАЧИЊА“.

Денеска на својата официјална ФБ страна објавија дека сите првачиња запишани во учебната 2023/2024 година ќе добијат ваучери за едногодишна бесплатна членарина во библиотеката , којашто како ваков објект (како на фотографијта подолу) ја знаеме 40 години. (историјата на библиотечното работење во градот е од поодамна)

Фото: од изградбата на новиот дел во 1983 година , сопственост НУУБиблиотека -Битола

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола е современа културна институција со книжен фонд преку 600.000 книги и бројни списанија, со тенденција за перманентно зголемување и да стане вистинска виртуелна библиотека, да навлезе во сè повисокиот степен на задоволување на научно-истражувачките и образовните потреби на крајниот корисник, без тој да се грижи од каде и како пристигнала бараната информација, што е возможно само со натамошен развој на современото автоматизирано библиотечно работење. Ги поседува EBSCO , INIS , E-CRIS MK системи и датабази со кои библиотеката мрежно е поврзана со бројни библиотеки од Балканот, а и е една од првите македонски ббиблиотеки кои го воведоа COBISS системот преку кој од секо место може да ги пребарате базите на книги, професионалну журнали или научни трудови.


1050