Викендов СВР Битола открила 21 алкохолизиран возач само во 5 часа

21 санкционирани возачи под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола информираат од одделението за односи со јавност на СВР Битола.
„Во текот на само една ноќ 2 септември спроти 3 септември (02/03.09.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена беше акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.“ – информираат од СВР Битола.
При контролата санкционирани се 21 возачи.


За време на контролата биле санкционирани и 6 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Битола Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.
