September 28, 2023

Бранот жештина во Шпанија нагло променет со бран обилни дождови

Шпанија на почетокот на овој месец се соочува со опасност од големи врнежи на дожд. Во државата се издадени неколку предупредувања за граѓаните и туристите бидејќи обилните дождови предизвикуваат поплави долж источниот брег , но и низ други делови во земјата. Предупредени се жителите на регионите Толедо и Кадиз.
Вчера и денеска во најцрвената од црвените зони на опасност споед движењето на дождот и ветровите е Мадрид. Заради опасноста одложен бил и неделниот фудбалски натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Севиља.

Градоначалникот на Мадрид во неделата ги советуваше сите жители да останат дома бидејќи главниот град се подготвува за поројни дождови и бури .
„Поради исклучителната и ненормална ситуација, во која ќе бидат срушени рекордите за врнежи, ги замолувам жителите на Мадрид да останат дома денеска“, напиша градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида на „Х“ ( Твитер ). Службите за итни случаи во Мадрид испратија пораки до жителите во кои ги предупредуваат за ризиците од поплави и ги советуваат да не користат возила.
Во Алканар, Тарагона, на источниот брег на Шпанија, службите за итни случаи исто така го ограничија движењето на жителите со препорака за останување во нивните домови поради поплави. Во изминатите 24 часа во Алканар наврнале 215 литри на метар квадратен дожд.

Извор фотографии: https://www.youtube.com/watch?v=U_1Ks7HDOQU


1051