Во Битола наврнаа 4.5 мм дожд, УХМР предвидува заладување од 5-10 степени

Денес времето времето е биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои претежно во источните и југоисточните делови ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Вакво време ќе се задржи до крајот на денот. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура претежно за пет до десет степени Целзиусови во однос на вчерашната.
Александар Д.Проданов од Сектор за метереологија при УХМР во последните 24 часа во Пелагонија наврнале: 5.8 литри /на квадратен метар во Прилеп, 4.5 литри на квадратен метар во Битола, 6.1 литри на квадратен метар во Претор ( Преспа), 3.7 во Крушево и најмногу, 6.7 литри на квадратен метар во Демир Хисар.
Утре ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб до умерен дожд со услови за појава на ретки грмежи во западните и јужните делови од земјата и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец најизразен на север и во југозападните делови. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо.
