Дали со графиката може да се открие колективниот идентитет? Изложба 7х7 во КИЦ

Утревечер со почеток во 20.00 ч. во Свечената сала на Офицерски дом на свеченото отворање на изложбата „Македонски и канадски графичари 7х7“.
Изложбата е настаната како плод на соработката на двајцата куратори, Дерек Мајкл Бесант и Владо Ѓорески, па се прошири на седум македонски плус седум канадски графичари. Почетната иницијатива брзо се прошири, наидувајќи на огромна страст за поврзување, така наместо 7+7 уметници, добивме 7х7 учесници како симбол на нашето поврзување бидејќи бројот на уметници кои ќе ги допре овој заеднички проект е многу поголем од 14, 20 или 49.
Тука се додаваат и умножуваат и професорите и студентите на катедрите за графика од Факултетите за ликовна уметност од Скопје, Халифакс, Монтреал, Троа Ривиер, Алберта, Едмонтон и Келона, а да не ги заборавиме и организаторите и учесниците на Mеѓународното графичко триенале во Битола и Mеѓународно биенале за современa графика во Троа Ривиер.
Изложбата свое претставување ќе има во Канада, како дел од меѓународната соработка. Проектот е поддржан од Министерство за култура, како дел од националната програма за култура во 2023 и Општина Битола.
Тоа што оваа изложба ја одвојува од другите е повикот кон антрополошката анализа од кураторот на канадската селекција Дерек Мајкл Бесант. Објавувајќи дел од уметничките профили на канадските гости тој вели :
„ Ми се наметна едно љубопитно прашање во врска со собирањето на група канадски уметници, од целата земја, да бидат дел од изложба на размена со уметници од Македонија: дали во групирањето на современата графичка уметност од двете земји може да се идентификуваат посебни колективни идентитети кои произлегуваат од која било група?
Оваа изложба е можност за дијалог и дебата на оваа тема. Од поканетите канаѓани сакав пресек кој би имал далекусежен преглед со застапеноста од сите делови на Канада: поморските острови, централно населена Канада, Канада што зборува француски, западот и крајбрежните провинции. Покрај ограничувањето да се вклучи само мала група уметници, која во никој случај не значи целосна застапеност на мултикултурниот мозаик од кој се состои културата и географијата на Канада, сепак поканетите ќе обезбедат поглед во неколку од заедниците до кои дојдовме, а се познати како Канаѓани. Бидејќи единствениот обединувачки фактор на гледање на уметниците низ оваа поделба, е тоа што сите тие, работејќи и живеејќи на големи растојанија еден од друг, низ различни пејзажи, ја дефинираат огромната географија на Канада. Мојата претпоставка е дека иако растојанието создава речиси Дарвинова еволуција низ времето и просторот – тие уникатни разлики се всушност она врз што е изградена нашата земја, со влијанија кои продолжуваат да прокламираат постојано преобразувачко чувство низ кое што земјата се гледа себеси.

Уметниците кои ја претставуваат Канада работат во различни графички медиуми, вклучително и рачно исечен релјеф, литографија и сериграфија базирана на фотографии, инсталација на 3D печатење, концепти базирани на текст, дигитална високо- технолошка (high-tech) технологија на мастило и огромен број хибридни комбинации (понекогаш вклучувајќи аудио и светло – проектирана слика).
Брајар Крег користи стратегија со која вклучува текст како тема, но често намерно дозволува грешки како референци за тоа како го толкуваме значењето, човечката грешка или како го користиме јазикот како погрешен механизам за меѓусебна комуникација во оваа повеќејазична
земја.
Бони Бакстер црпи од нејзината семејна историја како наратив, или зема идентитет како дел човек – дел животно, или поканува на читање на нејзиното тело како личен дневник на тетоважи што ги мапираат нејзините искуства како изложени ранливости или силни страни, психолошки…
Гери Хушлак е пионер во првите редови на дигиталните апликации за апстрактно сликање, почнувајќи од инк-џет плотерите пред да дојде технологијата на персоналните компјутери. Тој
продолжува да истражува и експериментира со симетрични слики што алудираат на алгоритми за вештачка интелигенција со математичка прецизност.
Жо Ан Ланвил се документира со комбинации базирани на фотографии и рачно ковани комбинации кои вклучуваат и соработки со други, откривајќи сложен дует помеѓу имиграцијата, самосвест и прифаќање на разликите како сврзувачки нишки во нејзината работа.
Либи Хаг ги работи двете страни на равенката: од една страна со нејзините рачно исечени релјефни фигуративни отпечатоци кои се користат за да се изгради простор сличен на приказната во тек, каде што гледачот е поканет да ги пополни деловите што недостасуваат. Додека од друга страна таа експериментира со движење на слики од виртуелната реалност од кои нејзините 2Д фигури изгледаат како да зачекоруваат во 3Д просторот пред вашите очи.
Марк Бови е фасциниран со илустрирани научни книги кои се печатени со цртање или литографски печатени страници од форми на морски живот – кои ги преклопува со потезот за цртање со влажна четка. Во ова тој создава мост помеѓу „тогаш и сега“: свесност за сопственото истражување и историските контексти.
Шон Колфилд е слично заинтересиран за минатото, со адаптации на стари гравури од учебници по анатомија, но како ги интегрира органските толкувања за тоа што ќе биде иднината, со неговите еруптирачки садови, додатоци слични на растенијата, проблематичните обесшумени
пејзажи или темните претскажувачки неба… зборува со предупредување за нашето човечко влијание врз животната средина.
Гај Лангевин постојано се навраќа на голото човечко тело како метафоричен терен, а начинот на кој ја набљудуваме оваа тема често е нешто што треба да се преиспита со неговото сечење и вниманието одблиску на површината, кожата, сенката и масата. Извивањата и вртежите што ги правaт неговите фигуративни постури потсетуваат на балетското движење.
Моите дела(Дерек Мајкл Бесант) за овој проект произлегуваат од серијалот со наслов: ДОПИР. Гестот на раката е исто толку специфичен за индивидуалниот идентитет како и отпечатокот од прст. И така, моите линиски впечатоци овде се раскажување приказни, поканување интимност, одбивање, мавтање, покажување или потпишување… како гестови на екстремитетите поврзани со јазикот.
Заедно, разликите во медиумите, сликите, темите и методите ја повикуваат публиката да го разгледа канадскиот идентитет како матрица на впечатоци за нас самите, и како ние ги гледаме нашите дела како рефлексивни согледувања што ги прават нашите разлики нешто што потекнува од истото место.“ Дерек Мајкл Бесант, Куратор на селекција од канадските уметници.
Свеченото отворање на изложбата е предвидено за 5 септември во 20.00ч во КИЦ ОФицерски.
