September 28, 2023

Универзитетската библиотека со „Дневна соба“

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола денеска беше промовиран нов библиотечен мултифункционален простор наречен „Дневна соба на градот“ каде што младите луѓе, но и сите генерации, ќе може да се среќаваат, да учат, да се унапредуваат, да стекнуваат нови пријатели. Новиот библиотечен простор, во светот препознаен како „Community hub“, се отвора во согласност со заложбите на Светската организација на библиотеки (ИФЛА), со поддршка од Министерството за култура.

„Моја лична цел е сите национални установи да бидат целосно отворени и насочени кон младите луѓе, но и кон другите, да ги отворат своите врати и токму преку вакви катчиња, секој да може да се почувствува дека е дома, во својата дневна соба“ – рече денеска во Битола Бисера Костадиновска-Стојчевска , министер за култура која го означи почетокот со работа на оваа најнова содржина во битолската Универзитетска библиотека.

Дневната соба ќе понуди:

  • Слободен интернет пристап
  • Книги, бестселери, сликовници
  • Странска популарна литература
  • Дневен печат
  • Секаков вид списанија
  • Стручна литература за квалитетно поминување на слободното време
  • Можноста за друштвени игри
  • Литература по области
  • Информации и предлози за читање
  • Помош при пребарување
  • Изложби
  • Работилници
  • Курсеви
  • Клуб на читатели
  • Можноста за волонтирање во библиотеката со посебни привилегии
  • Закажување на средби
  • Фото сесии
  • Нови библиотечни програми по избор

Извор фотографии: https://kultura.gov.mk/


1133