Динамично денеска во Прилеп за полицијата

Денешниот билтен на СВР Битола – ПС Прилеп говори за неколку физички пресметки со кои се нарушил јавниот ред и мир.

Денот започнал со пријава поднесена во ОВР Прилеп. М.Г.(18) од Прилеп пријавил дека на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп бил физички бил нападнат од С.Т. од Прилеп. „По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“- стои во соопштението на СВР.


Потоа, на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР
Прилеп ги лишиле од слобода И.Ѓ.(22), Д.С.(19), И.Т.(18), Ѓ.Н.(20) и Д.Р.(21), сите од
Прилеп, затоа што нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. „По
документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок.“- вели СВР.

На крај на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР
Прилеп го лишиле од слобода С.Т.(28) затоа што го нарушил јавниот ред и мир со
агресивно и недолично однесување. И за овој случај „По документирање на случајот ќе следува
соодветен поднесок.“ – информираат од полицијата.

Вчера пак битолските полицајци привеле лице кое било во бегство од служење на казна затвор.

„На 03.09.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Полициската
станица Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишиле од слобода
Н.А.(52) од Битола. Тој бил баран по централна потерница за издржување затворска
казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за
издржување на казната. “


1302

Задолжително