May 20, 2024

Фото – галерија: Протест пред Влада по скандалот со кражбата на лекови во Онкологија

„Колку вреди човечкиот живот“, „Убијци“, „Монструми“, „Убивате за профит“. Со вакви транспаренти толпа демонстранти се собраа денес пред Владата на протест по скандалот со кражба на лекови на Онкологија.

Пред владината зграда се скандира „крадци, убијци“, а се бараат и оставки.

Меѓу присутните има и лекари, кои дојдоа да го искажат својот револт.

Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.

Организаторите на протестот најавија дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

Фотографии: Јени Балкан


1260