Соопштение за прекин на водоснабдувањето на ул.’Охридска’ и ул.’Илинденска’ во Битола на 06.09.2023 год.

Известување од ЈП ‘Водовод’-Битола дека во текот на утрешниот ден 06.09.2023 ( среда), поради изведување на завршни активности од проектот Драгорска – профил 1А и 1Б, односно оформување на два водоводни јазли, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Охридска (од кружниот тек кај Педагошка па до Црн Мост) и населбите : Бадембалари и Баир, како и улиците над ул.Илинденска се до О У Тодор Ангелевски.
Прекинот ќе трае од 8ч. до завршување со активностите.
